Вести Свет Топ вести

САД воведоа санкции против Мадуро, неговата сопруга и соработници

Министерството за финансии на САД соопшти дека воведува санкции против седум лица поврзани со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга.

Нема да дозволиме Венецуела да продолжи да ја поплавува нашата земја со смртоносни дроги. Мадуро и неговите криминални соучесници го загрозуваат мирот и стабилноста на нашата хемисфера. Администрацијата на претседателот (Доналд) Трамп ќе продолжи да се бори против мрежите што ја поддржуваат неговата нелегална диктатура, изјави американскиот секретар за финансии Скот Бесант.

Министерството за информации на Венецуела не ги коментираше изјавите на Бесант.

Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе