Мониторинг спроведен од 70 обучени набљудувачи од 10 граѓански организации во 26 општини откри одредени појави на неправедна предност што политички партии или кандидати ја стекнале преку користење службени позиции и јавни ресурси за изборно влијание, во текот на кампањата за Локалните избори годинава.
Наодите се дел од проектот „Да избереме заедно“, чија цел е следење на фер-изборните услови и спречување злоупотреби што го нарушуваат демократскиот процес.
- „Ние спроведуваме мониторинг во две општини – Општина Делчево и Општина Кисела Вода. Според нашите согледувања и заклучоци, немавме увидено поголема злоупотреба на ЗАР (злоупотреба на административните ресурси). Најголема забелешка имаме за учеството на јавни функционери на партиски настани и имавме еден случај со дезинформација.“ – рече Матеа Карговска – Еуротинк.
Проектот е реализиран во периодот од септември до ноември 2025 година, со поддршка од Меѓународниот фонд за изборни системи. Невладината „Еуротинк“ заедно со „Организација ЖЕНА“ набљудувале во две општини.
Б.С.
