Вести Македонија Топ вести

(Видео)Шест години Интервентна полиција со порака „Ние сме закон, глас и на народот чест“

„Се трага по бело „БМВ“ управувано од лице маскирано и најверојатно вооружено. Возилото се движи по Џон Кенеди кон Цветан Димов“, започнува воведот на видеото на Интервентната полиција по повод шест години од нејзиното формирање.

Единицата за интервентна полиција во видеото е опишана преку анонимна авторска песна  како елитен и нераскинлив дел од безбедносниот систем, чија примарна задача е заштита на граѓаните и државниот поредок. Нивното дејствување е водено од принципите на храброст, гордост, закон и ред, при што тие се појавуваат како клучни актери во ситуациите каде што другите служби застануваат.

„Ние сме глас на народот“- со хип хоп рими за „ред и мир“ и вежбовна акција на „Џон Кенеди“, интервентната полиција објави дека го слави 6 години постоење

Низ песната се опишани задачите на припадниците на оваа единица, кои се обучени да реагираат ефикасно и без компромис, дејствувајќи како „штит“ за Македонија во моменти кога се загрозени мирот и законот. Нивната реакција е брза, а секој чекор е внимателно испланиран и измерен.

Единицата не функционира како збир од поединци, туку како хомоген тим каде што одговорноста е заедничка. Тие се водат од „клетвата на униформата“, која ги обврзува на чесна служба кон татковината и граѓаните. Нивниот делокруг вклучува широк спектар на сложени операции, како што се: следење и приведување на вооружени и маскирани лица, лоцирање и сузбивање на организирани криминални групи, лишување од слобода на лица по кои се трага со централни потерници за издржување затворски казни, откривање и запленување на поголеми количини опојни дроги.

Во песната се истакнува и патриотизам и пожртвуваноста на припадниците на интервентната полиција, и дека Македонија е врвниот приоритет. Тие се подготвени на најголемата жртва, ставајќи го животот за татковината пред сопствените лични интереси.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натсрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе