Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека преговорите за крај на војната во Украина се „сè поблиску до нешто“. Коментарот го даде од Овалната соба во пресрет на состанокот меѓу американски и руски претставници во деновите од викендот.
Трамп во приликата изрази и надеж во брз напредок од украинска страна.
„Се надевам дека Украина брзо ќе се придвижи“, порача тој.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
