Вести Македонија Најважни

Рокот истекува утре: Општина Аеродром ќе одлучува за иднината на Зимзоленд

Рокот во кој организаторите на Зимзоленд треба да се изјаснат за забелешките од инспекцискиот надзор истекува утре. Општина Аеродром треба да постапува од утре, но сè уште не се открива на кој начин, дали со отстранување на забавниот парк или со санкции за утврдените неправилности.

Од општината денес велат дека набрзо ќе одлучат што понатаму, а ќе бидат земени предвид и ставовите што организаторите ќе ги достават. Понатамошните чекори ќе зависат од тие околности. Зимзоленд работи без дозвола, така веќе констатираше Град Скопје и и наложи на општината Аеродром да постапи.

„Инспекциските служби на Општина Аеродром постапуваат согласно своите надлежности. Извршен е инспекциски надзор на самото место, каде покрај другите институции беше вклучена и градежната инспекција на Општина Аеродром. Изготвен е записник со констатации кој е доставен до организаторот на Зимзоленд. Тече рокот за произнесување на неговиот став. Рокот истекува утре. По истек на тој рок општината ќе постапи според своите надлежности, но исто така ќе донесе и соодветно решение“, изјави Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром.

Спротивно на властите, организаторите на Зимзоленд тврдат дека ги имаат сите документи и дозволи за работа и за безбедност. Во исто време при инспекциските контроли, Државниот пазарен инспекторат утврди вршење нерегистрирана дејност и најави казни. Агенцијата за храна и ветеринарство констатираше дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и дека не се исполнети хигиенските услови, поради што изрече парични казни. Управата за јавни приходи пак утврди неиздавање фискални сметки и финансиски неправилности кај дел од субјектите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе