Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 2°C, а максимумот од 7 до 14°C.
Информација од ова утро 18.12.2025
Минимална температура (во °C)
-6 Берово, -4 Скопје – Петровец, Битола, Струмица, -3 Демир Капија, Штип, Велес, Куманово, Тетово, -2 Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Прилеп, -1 Крива Паланка, Гевгелија, Виница, 0 Лазарополе, Охрид, 1 Претор, 3 Mаврови Анови, Попова Шапка, 5 Kрушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
