Вести Македонија Топ вести

(видео)Мисајловски во Топ Тема: Ќе разговараме и со НАТО ако имаме можност Центарот за обука на пилоти да стане регионален центар

На прашањето до каде е реализацијата на договорот за хеликоптерите? Таму имаше и меѓународно-правно биро за проверка, договорот не е штетен и за тоа што со тренинг центарот за пилоти – Елбит забраната од НАТО и што со лиценцата за опрема која сега ја имаме?, министерот за добрана Влади Мисајловски во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека веќе секоја земја ако ви продаде софтвер мора одржувањето и лиценците да бидат од кај нив.

  • Центарот за обука на пилоти е преубав, толку средства да се потрошат да се затвори е друго прашање. Тоа е преубав центар, симулаторите што се направени за МИ-17 и 24, каде секој еден може да вежба и да стане пилот, кој може да биде регионален центар и на НАТО, но тоа е што е. Ние како министерство паралелно имаме еден договор со Леонардо кој е таков каков што е целиот винг мора да оди на тренинг и тоа може да се случи многу брзо за да се научи целосно на платформата на Леонардо, истакна Мисајловски.

На прашањето дека сега е нејасно како ќе се употреби центар кој што има друг софтвер, министерот за одбрана рече дека тој следниот месец треба да заминам на средба со Леонардо и ќе го отвори и прашањето за овој центар, односно за Центарот за обука на пилоти.

  • Тоа ќе го направам заедно со Армијата, бидејќи станува збор за огромни средства кои треба да се вложат за тоа да се стави во оператива, зборувам за десетици милиони евра. Ако гледаме долгорочно ако ние веќе ги набавиме Леонардо хеликоптерите треба да размислуваме и платформите да бидат слични. Да видиме за некое решение за кое заедно со НАТО ќе разговараме ако имаме можност да стане регионален центар, бидејќи од ова може да се заработува како држава. Но внимателно ќе го водиме овој процес и ќе го споделиме со јавноста, рече министерот Мисајловски во вечерашната Топ Тема на Телма.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе