Вести Македонија

Се отвори шалтер за „Безбеден град“

Тест периодот на системот Безбеден град повеќе од 15 дена снима прекршци, пред да почне и официјално да се применува. Граѓаните сметаат дека ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Безбеден град добро е, тоа е во ред. Сега луѓето ќе бидат покултурниво сообраќајот, во криминал што се прави итн“, вели граѓанин.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи отвори и нов шалтер во  зградата на Македонската телевизија. Ќе работи секој работен ден од 8 до 17 часот, и граѓаните туке ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците што ги оставиле при регистрација на возилата, доколку има промена или доколку добиле известување со неточни податоци. Истата услуга ќе биде достапна и во станиците за технички преглед низ дражавата.

„Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на Безбеден град “, вели Гоце Андреевски портпарол на МВР.

Камерите веќе ги евидентираат сообраќајните прекршоци, а системот автоматски ги испраќа известувањата по електронска пошта и порака до сопствениците на возилата Иако беше најавено дека тест-периодот ќе трае до крајот на годинава, казните ќе ги заменат опомените од почетокот на февруари идната година. Системот ќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе