Вести Македонија Топ вести

СДСМ тврди: Нови сомнителни тендери на владиниот Генерален секретаријат

Над еден милион евра од три тендери легнале на сметката на ИТ фирма со тројца вработени, формирана пред две години, соопшти опозициската СДСМ. Тие тврдат дека надлежните органи мора да се вклучат и да ги испитаат овие наводи, бидејќи овој случај по многу нешта наликувал на тендерите вредни 9 милиони евра кои фирмата со еден вработен „Дигитал Оне“ ги има добиено од државниот Буџет.

Според официјално достапните податоци, „Сигмоид груп“ ДООЕЛ е формирана во август во 2023 година со почетен капитал од 5.000 евра.Тендерите вредни над 70 милиони денари ги склучува во октомври и во декември оваа година.

„Eве го првиот договор со министерството за финансии, склучен на 13.10.2025 година, вреден околу 60.000 евра. Само после два дена, има нов договор, склучен на 15.10.2025, со Генералниот секретаријат на Владата вреден, речиси, милион евра – 980.000 евра. И шест недели подоцна, на 01.12.2025, нов државен тендер, овојпат за софтвер за следење на работни процеси во СОЗР, вреден околу 76.000 евра. Каква милионска експанзија за два месеца? – 173% раст на добивка од тендери! Истите шеми повторно“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според достапната тендерска документација, „Сигмоид“ за тендерот вреден, речиси, еден милион евра кој го доби од Генералниот секретаријат на Владата ќе треба да испорача напреден систем за сајбер заштита на 20 клучни државни институции. Во тендерската документација е дозволено „Сигмоид“ да ангажира подизведувачи, не е прецизирано домашни или странски, што ќе биде повеќе од неопходно ако се земе предвид дека компанијата има тројца вработени.

Од СДСМ соопштија дека вчера добиле 47 пријави за сомнежи за корупција на дигиталната платформа за корупција. Случаи биле пријавувани од Охрид и од Штип како и од Скопје, а информациите и доставените документи ќе ги анализира партиски тим и потоа дополнително ќе биде известена јавноста.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе