Вести Македонија Топ вести

Македонија со два автобуса на 1.000 жители над европскиот просек од 1,6 – анализа на Евростат

Во Европската Унија (ЕУ) во 2024 година, имало 737.142 автобуси и моторни автобуси, вклучувајќи тролејбуси и минибуси), т.е. 1,6 автобуси и моторни автобуси на 1.000 жители. Северна Македонија со 3.690 автобуси или по два автобуса на 1.000 жители е нешто над европскиот просек.

Најголем број автобуси и моторни автобуси на 1.000 луѓе е забележан во Малта (4,6), по што следуваат Луксембург (4) и Естонија (3,7). Најниски стапки се забележани во Холандија (0,5), Германија (1) и Австрија (1,2), покажуваат податоците за транспортната опрема објавени од Евростат.

Во регионот најмногу автобуси на 1.000 жители има Албанија (3,8), Романија (3) и Бугарија (2,8). Потоа следува Грција (2,6), Црна Гора (2,4), Србија (1,8), Хрватска (1,5) и Босна и Херцеговина (1,3).

Оваа стапка на моторизација останала стабилна во последните 10 години, додека бројот на патнички автомобили на 1000 жители значително се зголемил во истиот период (од 506 во 2014 година на 578 во 2024 година). Македонија со 319 автомобили на 1.000 жители останува под европскиот просек, иако има значителен раст во последните десет години, од 180 во 2014 година.

Во просек, 5,1% од возниот парк на автобуси и моторни автобуси е обновен низ цела ЕУ во 2024 година, додека Македонија со 379 нови автобуси во 2024 година има обнова на возниот парк од 10,2 проценти.

Стапката на обнова го претставува соодносот на прворегистрирани возила во сите возила, со исклучок на половни. Во ЕУ највисока стапка на обнова има Луксембург, каде 11,6% од возниот парк бил обновен, 9,6% во Холандија и 9,5% во Австрија. Спротивно на тоа, само 0,7% од возниот парк во 2024 година е обновен во Бугарија, 2,4% во Полска и 2,5% во Унгарија.

Напорите за подобрување на квалитетот на воздухот, особено во урбаните средини, имаа позитивно влијание врз уделот на автобуси и моторни автобуси со нулта емисија меѓу сите нови регистрации на возила. На ниво на ЕУ, во 2024 година, овој удел беше поголем отколку кај новите патнички автомобили (17,8% наспроти 13,5%), што одговара на 6.746 новорегистрирани автобуси и автобуси со нулта емисија.

Во Македонија според податоците на Државниот завод за статистика во 2024 година од 3 690 автобуси, 3 609 биле до дизел мотори (97,8%), 63 бензин-гас (1,7%) и само 15 електрични (0,4%).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе