Вести Македонија

И Филип Андов- Сокол, опфатен со истрага за директорски злоупотреби во затворот Шутка во новиот тим на Филипче, поранешни директори и екс градоначалници избрани во раководството на СДСМ

Меѓу новите членови на Извршниот одбор на СДСМ кои се предложени на партискиот Централен одбор е и поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов- Сокол. Андов е осомничен за злоупотреби со пуштање на опасни затвореници иако тој тврдеше дека истрагата за него е политички реваншизам, а постапките за кои се гони се легални.

Во врвот на СДСМ, како потпретседателка на партијата влегува поранешната министерка за труд и социјални работи Јована Тренчевска. Таа е актуелна пратеничка и единствена од последниот владин кабинет на СДСМ која добива место во партиското раководство.

Андреј Жерновски, екс заменик МНР и поранешен градоначалник на Центар останува во највисокото партиско тело. Општина Ѓорче Петров повторно ќе има претставник во ИО на СДСМ, а таму ќе биде член екс градоначалникот на таа општина Александар Наумовски.

Во партиските тела, сега како член на ИО се враќа Јон Фрчковски кој претходно, оваа пролет, се повлече од партиска функција по тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ  дека на работа во државно претпријатие користел опијати. Јон Фрчковски, син на екс министерот и амбасадор во ООН Љубомир Фрчковски тогаш ги обвини претставниците на власта за линч за да сокријат незадоволство од истрагата за Кочани.

СДСМ ќе има двајца потпретседатели, покрај Тренчевска тоа ќе биде и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Аеродром, Александар Трајановски кој е и поранешен директор на клиника во Клиничкиот центар. Трајановски е еден од двајцата кандидати на СДСМ (покрај Герасимовски кој победи во Центар) што се пласираа и изборија втор круг на изборите во скопските општини. Трајановски оствари подобар резултат од партискиот на СДСМ во Аеродром.

Член на Извршниот одбор на СДСМ  е и поранешната директорка на Државниот санитарно здравствен инспекторат (ДСЗИ), Рената Младеновска. Во ИО е Петар Огненовиќ од младинската партиска организација СДММ.

Партиската потпретседателка Ана Чупеска која си поднесе оставка меѓу двата круга на локалните избори останува во СДСМ како претседателка на новоформираниот Совет на партијата. Претседавач на Централниот Одбор ќе биде Герасим Лазов од Кавадарци.

-Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Во продолжението е кадровскиот состав избран на последниот Централен Одбор на СДСМ.

Генерален секретар:

Александар Саша Димитријевиќ

Организациски секретар:
Љупчо Фармаковски

Потпретседатели:
Јована Тренчевска
Александар Трајановски

Членови на Извршниот одбор:
Јон Фрчкоски
Рената Младеновска
Андреј Жерновски
⁠Дејан Николовски
Агрон Демири
Филип Андов
⁠Симона Цветановски
Петар Огненовиќ
Александар Наумовски
⁠Дејан Трајчев
Бислимовски Андреј
Наташа Поповиќ
Драган Крајовски

Советот на партијатата ќе го води:
Ана Чупеска

Претседавач со ЦО:
Герасим Лазов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе