Вести Македонија Топ вести

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање.

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во Министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.

,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:

  • Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
    За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
    Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност
  • Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите
    Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет
  • Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиитe.

„Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”,рече министерот Филков.

Министерот за правда Игор Филков изрази длабоко жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам

Sasko Dimovski

ЕУ воведува нови правила за патници во авионскиот сообраќај – денеска ќе се одобрат, во сила ќе стапат во 2027 година

Sasko Dimovski

Се основа Кинеско-македонска стопанска комора во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе