„За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Според партијата фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт.
- Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Државниот обвинител денеска поднесе оставка и во своето обраќање, за собраниската постапка за негово разрешување, повтори дека е политичка одлука. Во своето обраќање, Љупчо Коцевски го посочи случајот Пулс како рекордно брза истрага за најголемата трагедија, но ги спомна и колегите обвинители кои беа опфатени со дисциплински постапки поради тоа што предизвикале милионски штети врз… Продолжи со читање













