Вести Македонија Топ вести

(видео)Инспекциски надзор на Гинекологија по случајот со починатото новороденче- ОЈО Скопје оформи предмет

Министерството за здравство иницираше вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Според министерот Азир Алиу потоа ќе следи и стручен надзор.

  • „Во овие тешки моменти за семејството, замолуваме да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Основното јавно обвинителство Скопје во координација со СВР Скопје оформи предмет врз основа на јавно објавените информации и ќе бидат преземени сите дејствија за проверка на настанот.

Од Клиниката за Гинекологија и акушерство потенцираат дека имаат законски пропишан протокол кој го следи во случај на смрт на новородено бебе.

  • Протоколот предвидува разгледување на случајот на комисијата за квалитет, која во овој случај нема утврдено пропуст во третманот на новороденото. Следниот чекор е законски пропишана обдукција која во овој случај не е сеуште готова, па согласно тоа не може да се дојде до финален заклучок дали постоело или не пропуст во лекувањето на новороденчето. Обдукциониот наод е единствен и конечен во проценката дали или не постоела грешка при лекувањето на било кој пациент, а истото важи и за овој конкретен случај. Согласно наведеното, до добивање на наодот од обдукцијата клиниката не смее да превземе никакви понатамошни чекори во овој конкретен случај. Во однос на пријавата за несоодветно однесување на докторката  во одредени моменти за време на работното време веднаш е постапено согласно препораката на началничката на одделението и истата е прераспределена на друго работно место, велат од Клиниката за Гинекологија и акушерство.

Опозицијата пак бара итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев.

  • „Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого. Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството“, велат од СДСМ.

 

Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе