Вести Македонија Топ вести

Апелација му ја зголеми казната на Васил Јованов

Скопска апелација му ја зголеми казната на Васил Јованов за една година. Наместо 12, како што првостепно пресуди Кривичниот суд, доби 13 години затвор за сообраќајката во која смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин под дејство на алкохол и со 91 км./ч. На првостепената пресуда се жалеше и одбраната чија жалба е одбиена како неоснована и обивнителството чија жалба е уважена.

„Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј.  кој со првостената пресуда е огласен виновен за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300, став 2 во врска со член 297, став 1 од Кривилниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13 години. Во останатиот дел првостепената пресуда се потврдува“, соопшти Апелациониот суд Скопје.

На јавната седница во Апелација во октомври обвинителството побара повисока казна која нема да биде освета, туку правда којашто ќе спречи идни трагедии, ќе испрати јасна и гласна порака дека човечкиот живот е неприкосновен. Одбраната на Јованов бараше намалување на казната, рече дека станува збор за лов на вештерки, повикувајќи се на судската пракса за вакви кривични дела .

Јованов на почетокот на судењето во Кривичен призна вина и се извини на семејството на Kулакова по што доби 12 години затвор. Семејството, кое бараше максимална казна за ниту едно дете во иднина да не се најде на местото на Фросина, беше незадоволно од пресудата.

Претходно, Апелација му пресуди на Јованов три години и 10 месеци за предметот во кој е обвинет за трговија со дрога. За ова дело, Кривичен прво му пресуди заводска мерка да оди во поправен дом. Додека трае жалбената постапка, на 29 јануари ноќта, Јованов смртно ја прегазува Фросина Кулакова. На 7 февруари, Апелација ја преиначи казната за дрогата во ефективен затвор од три години и 10 месеци. Врховниот суд во мај ја укина пресудата затоа што Апелација не одржала јавна седница иако Јованов и неговиот адвокат го побарале тоа потоа Апелација одржа јавна седница и пресуди иста казна како првиот пат.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе