Вести Економија Топ вести

Бислимоски: Јаглеродната такса може да го изолира Западен Балкан од европскиот пазар на струја

Доколку Европската Унија не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса за земјите членки на Енергетската заедница, тргувањето со електрична енергија би можело да се сведе исклучиво на регионално ниво, меѓу држави што не се членки на ЕУ. На ова предупреди Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

На трибината „Центар за енергетска политика на Западен Балкан“, одржана во Приштина, Бислимоски истакна дека воведувањето на јаглеродната такса значително ќе ја зголеми крајната цена на електричната енергија на отворениот пазар, со што таа ќе ја изгуби конкурентноста во однос на струјата произведена во земјите членки на Унијата.

-Со имплементацијата на јаглеродната такса практично ќе се блокира интеграцијата на земјите од Западен Балкан со европскиот пазар. Нема реална можност производител од регионот да извезува електрична енергија во ЕУ и ќе останеме затворени во тесни регионални рамки, изјави Бислимоски.

Тој потсети дека и покрај зголемените инвестиции во обновливи извори на енергија од почетокот на енергетската криза, производството од јаглен и натаму има доминантна улога, бидејќи обезбедува базна енергија неопходна за стабилноста на електроенергетските системи во регионот.

Од РКЕ нагласуваат дека земјите членки на Енергетската заедница континуирано спроведуваат значајни реформи во енергетскиот сектор.

-Кај нас се усвоени првиот, вториот и третиот енергетски пакет, а во тек е имплементацијата и на четвртиот. Берзите за електрична енергија веќе функционираат, се зајакнуваат меѓуграничните капацитети и се создаваат услови за спојување на пазарите, што е клучно за привлекување нови инвестиции, посочи Бислимоски.

Според него придобивките од енергетските реформи мора директно да ги почувствуваат граѓаните, нагласувајќи дека Европа треба да покаже поголема поддршка преку соодветни субвенции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе