Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“, истакнувајќи дека е забележано значително намалување на брзината на возење и на бројот на сообраќајни незгоди, особено оние со тешки последици.
Како што изјави Тошковски, граѓаните покажале свесност и одговорност, нагласувајќи дека почитувањето на ограничувањата на брзината директно спасува човечки животи.
Според него, статистиката јасно укажува дека при пониски брзини драстично се зголемува шансата за преживување при сообраќајни незгоди.
Министерот најави дека сите неправилности и проблеми со системот во тест-периодот ќе можат да се пријавуваат преку пунктови, интернет страница и мобилна апликација. Тој потенцираше дека од 1 февруари проектот целосно ќе профункционира со цел долгорочно подобрување на безбедноста во сообраќајот низ државата.
