Досега исплатени над 90 милиони евра од Фондот за здравство за боледувања подолги од 30 дена. Од Фондот за здравство констатирале и злоупотреби. Дел од оваа сума се за оние кои заминале на трудничко, другите пари за оние кои отвориле боледување поради други болести. Од ФЗО тврдат дека до нив пристигнале и барања од институции за да направат контроли, поради тоа што имало лица кои со месеци се на боледување и не одат на работа. Рекорден број на барања за контрола пристигнале од МВР.
– Да имаме констатирано злоупотреби во системот на боледувања. Одговараме по барање на работодавачи. Најчесто се барањата од МВР, Царина и одбрана, за проверка на долгите боледувња. Станува збор за боледувања во низа долги боледувања и оваа година рекорден за барање на конторла е Министерството за внатрешни работи. Општо познато е дека во јавниот сектор имаме луѓе кои се отсутни со месеци и тоа умешно го покриваат со боледувања кои се со различн дијагнози и различни доктори, вели директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Анализите покажале дека секоја година се зголемува сумата од Фондот за исплата на боледувања. Има работници кои ги отвораат за да се грижат за свои блиски, но и за да работат втора работа која најчесто е сезонска. Најмногу боледувања се забележува дека се отвораат во источниот дел од земјава.
Иако, е намален бројот на осигуреници од ФЗО тврдат дека фондот за сега е во добра кондиција. Но, дека во иднина е се поизвесно дека директно од буџетот ќе се плаќа здравственото осигурување кака што тоа веќе се прави во некој соседни држави.
Ирена Чачкова
