Вознемирувачко видео од групна тепачка меѓу ученици се шири на социјалните мрежи.
Инцидентот се случил вчера (12.12.2025) околу 12:00 часот во дворот на Основното училиште „Дитурија“ во село Сарај, скопско.
Според пријавата во СВР Скопје, шест ученици физички нападнале двајца деветтоодделенци.
Едното лице добило тешки телесни повреди, а другото телесни повреди.
Од МВР информираат дека идентификувани се напаѓачите на возраст од 13 до 15 години и сите биле повикани во Полициската станица.
Министерството за внатрешни работи презема мерки, а по целосно документирање на случајот, Јавен обвинител ќе поднесе кривична пријава за насилство.
