Вести Македонија Топ вести

Стојковски: Ние ќе мораме да примаме мигранти без оглед дали пред да станеме членка или од моментот кога ќе станеме членка за да се усогласиме со Регулативата на ЕУ

Шпанија, Италија, Грција и Кипар се земји со најголем број на баратели на азил и Германија. Стојковски од „Преспа институот“ смета дека тие земји се први на линијата за миграција од африканските држави и наједноставно е да стигнат, тоа е првата точка, а Германија поради економската моќ на државата и приманливост за било која миграција.

„Ние колку милиони имавме кои поминаа низ Македонија и никој не остана затоа што имаа попримамливи држави од нас“ изјави Стојковски. 

Димитар Николовски од „Евротинк“ смета дека доколку условот за приклучување кон ЕУ е прифаќање на мигранти тогаш државите од Западен балкан ќе се најдат во друга ситуација.

Дел од ЕУ регулативата која треба да се гласа во Европскиот парламент 

„Доколку прифаќањето на мигранти стане услов за приклучување кон ЕУ во моментот тоа така не е но постои стравот дека на некој начин проширувањето ќе се користи како некој морков државите членки од Западниот Балкан да бидат поприфатливи по оваа прашање“, вели Николовски. 

Според Регулативата Стојковски смета дека притисоци ќе има врз сите држави од Западниот Балкан.

„Притисоци секако ќе има врз сите држави од Западен Балкан затоа што тоа едноставно им се може. Не сме дел од масата на Унијата и немаме со кого да ги истакнуваме нашите ставови. Од друга страна тоа нема да биде услов што некоја држава нас ќе ни прави притисок, тоа ќе биде услов за нашето пристапување. Затоа што станува дел од правото на ЕУ. И ние ќе мораме да примаме мигранти без огледа дали пред да станеме членка или од моментот кога ќе станеме членка за да се усогласиме со Регулативата на ЕУ.  Односно нема зошто да се усогласуваме, станува збор за регулатива, во оној момент кога ќе биде донесена таа ќе биде директно применлива. Во оној момент кога ние ќе станеме членка, таа ќе биде директно применлива и кај нас и ќе мораме веднаш да почнеме да примаме одбиени азиланти од другите земји членки“, објаснува Стојковски. 

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе