Градот Скопје денес официјално ја започна јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.
„Новиот парк за забава, кој ќе се простира на површина од 84.000 квадратни метри, ќе биде изграден по највисоки европски стандарди и ќе понуди ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и тематски простори за семејна забава. Проектот предвидува и панорамско тркало, пиратски брод, подморница, „среќна лулашка“, зони за одмор, улична уметност и театар со затворена сцена“ објаснува градоначалникот Ѓорѓиевски.
Посебен акцент е ставен на пристапноста и безбедноста – Луна паркoт ќе биде целосно прилагоден за лица со попреченост, опремен со современи системи за надзор и прва помош.
Т.Д.
Извор на фотографија: „Pixabay“
