Вести Македонија Најважни

Невладините реагираат што по стари критериуми се “протнува” нов член на Судски совет

Селим Адеми остана во Советот до последниот ден од вториот мандат и покрај повиците за оставки по незкаонското разршеување на екс претседатлеката Дамевев и по интерпелациите од во Собранието. Владеачкото мнозинство во комисијата за избори и именување вчера прелдожи негов наследник да биде Аљбан Кадиру главен советник за прекршоци од тетовската полиција. Во биографијата му стои и дека положил праовосуден испит и магистрирал јавна админстрација и мегународни односи.

Експерската јавност реагираше. Премиерот пак кој често го критикува судството и членовите на судски, за можниот наследник на Адеми пак вели не е предлог на Владата.

„Сè додека кандидатот ги исполнува условите во согласност со повикот и сите тие критериуми според Закон, ние тука не можеме ништо да направиме како влада. На крајот од денот, останува пратениците да одлучат или ќе побараат некое друго решение. Ова не е предлог на Владата, туку е предлог што доаѓа од парламентот“, изјави премиерот  Христијан Мицкоски.

Законот за Судски совет кој се чека долго време и во кој појасно се дефинира кој е истканат правник што може Собранието да го предложи за член на ова тело го мина првиот собраниски филтер истиот ден кога беше предложен кандидатот за член на Судски по старите критериуми.
Тоа ги разочара невладините од Блупринт групата за реформи во праовсудството. Велат се создава перцепција дека ваквите постапки го релативизираат, и изигруваат реформскиот процес.

Забележуваат дека по објавувањето на огласите за избор на нов член по стариот закон, постапката за законот нагло беше забрзана за разлика од претходно кога неоправдано се оддолжуваше.

„Наместо избор кој би се темелел на јасно утврдени и повисоки професионални стандарди за критериумот „истакнат правник“, како што беше предвидено со новото законско решение, постои реален ризик повторно да се применат застарени и веќе широко критикувани практики. .. Особено загрижува фактот што Собранието, и покрај претходно изнесените критики кон и изгласаната интерпелација на членовите од редот на истакнати правници избрани од Собранието по старите критериуми, повторно пристапува кон избор по истата постапка. Наместо да го донесат новиот закон и да ги применат унапредените критериуми, се создава впечаток на недоследност во спроведувањето на реформските заложби“, изјави Јелена Кадриќ, претставник на Блупринт група за реформи во правосудството.

Невладините со апел до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, доследно да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите за избор на член на Судскиот совет од редот на истакнати правници.

Меѓу новите критериуми за истакнат правник е кандидатот
-да се докажал со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството,
– да се докажал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права

На крајот на месецот мандатот и истекува и на Весна Дамева а со месеци е празно столчето во кое седеше Милјазим Мустафа. Нивни наследници треба да прелдожи претседатлеката која го чека новиот закон за судски совет.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе