Вести Култура

Промовирана новата детска анимирана серија „The Toothstars“

По долги години посветеност на создавање содржини што пленат и инспирираат, “Тутстарс“  е новиот проект на „Светот на Биби“  во соработка со српската Декси Ко DexyCo кој носи нов свет, нова магија и нови јунаци кои ќе ги освојуваат срцата на најмладите. Соработката претставува силен исчекор кон глобален пазар и поставува нови стандарди во регионалната продукција на детска анимација, вели режисерот Цветановски.

Дали нешто допрело до едно дете, знаете веднаш по првата реакција. Најмладите во публиката не ја криеја радоста, со гордост довикувајќи се кога им паднало првото запче, магично чувство со мала доза на страв, но пред се знак дека растат. Новиот анимиран серијал на креативниот тим на „Светот на Биби“во соработка со Декси Ко од Србија е наменета за деца од 6 до 9 години, но како што забележа и Оскар Вајлд дека еден ден ќе бидете доволно возрасни за повторно да ги читате бајките.

  • Магична авантура која што го следи едно семејство забовили чија што мисија е да ги штитат детските насмевки, ги собираат паднатите забчиња и од нив прават ѕвезди на небото. Една многу убава топла приказна во која што нашите херои фамилијата Тутстарс се борат против лошиот лорд Кариес, чија што мисија е да ги држи децата нечисти, значи тој не може да поднесе хигиена и убави работи – Гоце Цветановски, режисер.

Децата се секогаш фасцинирани од таа борба меѓу силите на доброто и злото, и токму низ ваквите форми го осознаваат светот во кој и понатаму посакуваат да чекорат со насмевка, самоуверено, јасно распознавајќи ги сите знаци низ лавиринтите на животот. Нивните прашања го заслужуваат целото внимание и доколку внимателно ги следите ќе сфатите дека во ова брзо темпо на живеење тие ви ги поставуваат суштинските прашања.

-Децата секогаш го имаат одговорот, децата се толку креативни, значи  ако нема одговор, тие ќе го смислат. Јас сум многу возбуден кога работиме со деца и кога имаме контакти со деца бидејќи знам дека нешто ново ќе излезе од тоа. Прашањата кои што ќе ги поставуваат ќе инспирираат за понатаму- Гоце Цветановски, режисер.

Според Цветановски проектот за семејството Тутстарс претставува важен чекор за домашната и регионалната анимација, докажувајќи дека со визија, тимска работа и силни партнерства можат да се создадат проекти кои достојно стојат покрај светските анимирани продукции.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

ЈП Паркови не исплаќа оштета за ветер посилен од 60км/ч – како се наплатува осигурување за оштетни завтомобили во невремето

Sonja Petrusevska

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе