Вести Економија Топ вести

Трезорот за буџетски плаќања затвора в понеделник – десетина дена порано од вообичаеното

Трезорот за буџетски плаќања се затвора в понеделник на 15 декември, десетина дена порано од претходните години. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ако налозите се достават два-три дена пред Нова година, владата нема да може навреме да ги плати.

Претходно, од неколку институции за Телма потврдија дека им било наложено да ги завршат сите плаќања до 15 декември и оти тогаш ќе им бидат повлечени неискористените пари од буџетот назад во државната каса.

Најголемите стравувања на вработените во државните институции беа дека ако платата или К-15 им задоцни, ќе ги добијат дури после празниците.

  • „Многу е важно сите институции навремено да ги достават налозите до трезорот за да може трезорот навремено да ги плати. Бидејќи ако се доставуваат налозите на 25, 27, 28, потоа повторно Владата е виновна зошто тоа навремено не е платено. Се разбира дека ќе има толеранција, но ова беше кажано сè со цел да можат институциите одговорно да се однесуваат и да може да се изврши плаќањето до доверителите, она кое Министерството за финансии преку трезорот треба да го направи“, рече Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе