Денеска полициски службеници од страна на Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација и содејство со полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на претходно изготвен план преземаат соодветни мерки и активности за ништење на огромна количина на минско-експлозивни средства, соопшти МВР.
Од таму најавуваат дека после цели 15 години, во текот на утрешниот ден, минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
