Вести Македонија Топ вести

МВР: „Безбеден град“ стартува на 1 февруари, одложувањето е поради дополнително тестирање

МВР соопшти дека системот „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово, Куманово и по коридорите 8 и 10, наместо на првично најавениот датум.

Одложувањето доаѓа поради потребата од дополнително тестирање и калибрација.

Досегашното тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршувања, особено на автопатите и на влезовите во Тетово и Куманово.

Во повеќе случаи не беа детектирани ни прекршоци при возење над дозволената брзина, ниту пак непочитување на семафорот.

Единствено регистрирана опомена имаше на обиколницата во Скопје. Паралелно со тоа, во Куманово започна поставување на нови камери, а МВР најави и мобилни полициски возила со опрема за снимање за санкционирање непрописно паркирање.

Дополнителниот месец, велат од институцијата, ќе служи и за возачите да ги прилагодат своите навики пред почетокот на автоматизираното казнување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе