Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка.
Поради сомнежи дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, јавниот обвинител нареди обдукција, идентификација и прибирање траги од местото.
Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија.
За едно осомничено лице е определена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека за уште едно лице се вршат дополнителни проверки.
Јавниот обвинител продолжува со преземање на сите неопходни дејствија за целосно испитување на настанот и утврдување на околностите поврзани со смртта на жртвата.
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
Принципот на индивидуални заслуги ќе има сè позначајна улога во распределбата на европските средства,изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама во Тирана. Напредокот на реформите во земјите од Западен Балкан ќе биде клучен и за парите што државите ќе ги добијат како дел од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се најде на „Ѕидот на срамот“ на страната на Мрежата за заштита од дискриминација поради неусвојување на предвидените измени на осум закони за заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Од Мрежата бараат предложените измени да бидат усвоени најдоцна до 10 декември. „Конкретно ...
Полицијата поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста против маж од Куманово. Тој ја навредувал својата ќерка, а потоа и ја полил собата со запалива течност заканувајќи се дека ќе ја запали. Според информации од полицијата, заканата се случила на 19 ноември во семејниот дом. Пријавениот најпрво ја навредувал ќерката ...
Со модрица на окото Сара Ѓоргиеска се појави во охридскиот суд, но не се соочи со Кристијан Корабоски, обвинетиот за нејзиното претепување. Корабоски се гони за три кривични дела, нанесување телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Судијката Александра Поп Стефанија кој го води предметот пред присутните ...
Четириесет и едно годишниот Александар Лазаров Цуна од Кочани кај кого во јули годинава, во неговото возило беше пронајдено дрога, а по распитот во Полициската станица во Кочани си го отворил прозорецот и се даде во бегство пред судот признал вина и е осуден на две и пол години казна ...
Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија е зголемен за 22,1 отсто. Во периодот од 16 до 22 ноември, регистрирани се 188 случаи, наспроти 154 во претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје. Најголем број заболени во текот на неделата се евидентирани во Скопје ...