Вести Македонија

Зимзоленд објави дека продолжува со работа и покрај тоа што и град Скопје и Аеродром соопштија дека нема дозвола

И покрај тоа што градот Скопје и општина Аеродром, тврдат дека не издале дозвола за работа на Зимзоленд во Ново Лисиче, оттаму вечерва се огласија дека ќе продолжат да работат и нема да бидат затворени.

Од Град Скопје за Телма велат дека, Инспектори од Град Скопје имаат постапено на Зимзоленд. При тоа побарана е документација или било каква дозвола. Организаторите не поседувале такво нешто, ниту од градот ниту од општината.

Поради вршење дејност надвор од објект за кој издава дозвола Град Скопје, при тоа има нудење на услуги, односно промет и остварување профит – надлежност има Пазарна инспекција.

За поставената урбана опрема и реквизити, надлежност има Општина Аеродром, поточно нивната градежна инспекција. Таква инспекција нема Град Скопје, поради поделбата на надлежностите.

Од Општина Аеродром претходно за Телма посочија дека градежен инспектор на Општина Аеродром изврши увид и отпочна инспекциска постапка согласно со Законот за градење, Законот за инспекциски надзор и Законот за општа управна постапка за отстранување на поставената опрема.

Организаторите на Зимзоленд пак тврдат дека ги поседуваат сите потребни дозволи и продолжија со работа.

Неправилности на терен утврди и АХВ. Агенцијата за храна и ветеринарство утврдила дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и воопшто не ја известил Агенцијата дека ќе се продава храна. Поради неисполнети хигиенски услови, изречени се парични казни

Државниот пазарен инспекторат при вчерашната акција затекнале лица што вршеле нерегистрирана дејност.

По реакција на жителите кои се жалат на тоа дека има хаос во сообраќајот, МВР напиша десетици казни.

Зимзоленд ќе се отстранува – Општина Аеродром поведе постапка и најде пропусти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе