Вести Македонија Топ вести

Османи не се откажува од тоа техничката влада на Бугарија да ја крене рампата за земјава

Снимател: Сотир / МетоМакедонската страна не се откажува од можноста со техничката влада во Бугарија да се постигне решени за кревање на ветото во Европската унија. И по отфрлањето на тоа како можснот од страна на новиот технички шеф на бугарската дипломатија, првиот човек на македонската дипломатија, Бујар Османи, дури и најави дипломатска офанзива за премислување на Софија да ја одобри преговарачката рамка за земјава.

„Јас се уште верувам дека постои можност да се влезе во посуштински разговори со техничката влада во Бугарија. Јас тука сакам да најавам дека идната недела очекувам да има една поголема дипломатска активност, за евентулано да може да се дојде до решение кое би ни овоможило да го преминеме овој чекор за да може да се одржи првата меѓувладина конфереција во јуни“, изјави Османи.

Османи пак кој утрово се врати од Брисел барањето на премиерот Зоран Заев до највисоките претставници на Европската унија македонскиот идентитет и јазик да бидат тргнати од масата за разговори на Унијата, го објасни со интервенциите на Бугарија кон текстот на преговарачката рамка и реченицита дека европското законодавство ќе се преведува на македонски јазик со повикување на клаузула од Договорот за добрососедство, што од македонска страна се интерпретира како идентитетско прашање, на што било укажано ви Брисел, но и тоа дека Договорот за добрососедство не го опфаќа тие прашања.

Освен оптимизмот од Османи, во зградата на МНР денеска се слушна и ставот на неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, дека Македонија веќе требало да ги има започнато преговорите, но откако за тоа го прашаа новинарите. Во обраќањето тој се фокусираше само на помошта во вакцини која Унгарија денеска ја достави за граничната полиција, иако унгарскиот претставник во Европската комисија, Оливер Вархеи, деновиве токму за македонското пристапување најавуваше дека можно е да остане на стенд-бај.

„Ако тоа зависи од нас тогаш вие многу брзо ќе станете членка на ЕУ. Г-динот Вархеи и владата на Унгарија сме посветени поддржувачи на вашата евроинтеграција. Се надеваме дека во иднина нема да има потреба од поставување на никакви методолошки прашања во овој процес“, изјави Сијарто запраша чив став презентирал Вархеи ако ЕУ се огради од неговата изјава, а Унгарија е за итен старт на преговорите.

Сијарто кој во земјава донесе 6.000 вакцини на „Астра Зенека“ наменети за 3.000 гранични полицајци кои се грижат Западнобалканската мигрантска рута да остане затворена, најави и дека македонските граѓани кои имаат сертификат дека се вакцинирани од петок ќе можат слободно да влезат во Унгарија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе