Градот Скопје денес спроведе акција за воспоставување ред и заштита на јавниот простор на територија на градот. Во соработка со Инспекторатот, Државниот пазарен инспекторат и МВР, биле изречени над 20 казни, а на терен се постапувало без исклучоци наведува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.
„Како прв чекор, вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“, враќајќи го протокот и безбедноста на пешаците и возилата.По пријави од граѓани, инспекциските служби извршија контрола и на Зимзоленд, при што беше утврдено дека градот нема издадено дозвола за вршење дејност на локацијата. Констатирани се сериозни неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект, а за реквизитите и забавните содржини што не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е општинскиот градежен инспектор да постапи согласно законските прописи“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.
Акциите ќе продолжат со цел да се обезбеди уреден, безбеден и достоинствен град за скопјани додава градоначалникот Ѓорѓиевски.
Зимзоленд ќе се отстранува – Општина Аеродром поведе постапка и најде пропусти
Т.Д.
