Телма дознава дека синоќа неколку државни институции извршиле контрола во забавниот парк „Зимзоленд“, но засега не соопштуваат што утврдиле.
Повеќе информации се очекуваат денеска, откако претходно надлежните органи меѓусебно се амнестираа од одговорност и ги префрлаа ингеренциите за дозволата за работа на паркот.
Меѓувреме АХВ изминатите денови спровела вонредна контрола и утврдила дека операторот не е регистриран како оператор за храна и не известил дека на манифестацијата ќе се продава храна.
Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои се произведува и врши промет со храна, АХВ и изрекла инспекциски мерки за секој штанд но и на правното лице организатор на Зимзоленд.
Него ми е изречена парична казна од 500 евра и времена забрана за вршење на работа со храна.
Организаторите тврдат дека имаат договор за закуп и дозвола за работа од општина Аеродром, но општината негира одговорност, посочувајќи дека просторот е приватен имот, а за реквизитите надлежен е Град Скопје.
Градските власти, пак, возвраќаат дека дозволата требало да ја издаде токму Општина Аеродром.
Додека институциите остануваат блокирани во меѓусебни обвинувања, паркот во Лисиче продолжува да работи во вообичаена атмосфера – музика, светилки и голем број посетители кои уживаат во забавните содржини.
Дали и кој му издал дозвола на Зимзоленд поради кој настана сообраќаен хаос во Лисиче
Б.С.
