Вести Економија Македонија

Несистемското зголемување на платите е многу опасно затоа што настанува изедначување што е демотивирачко, рече Благоја Ралповски во Топ Тема

Има ли придвижување или уште подлабоко разидување околу минималецот. Инфлација, поскапување на трошоците за живот. Кои се аргументите на работодавачите – продуктивност и рентабилност?

Во Топ Тема дебата со Ангел Димитров – Организација на работодавачи, Благоја Ралповски Конфедерација на слободни синдикати КСС и Слободан Трендафилов Сојуз на Синдикати на Македонија ССМ.

КСС е на став дека растот на минималната плата треба да ја следи формулата што е договорена со закон. На прашањето што е поопасно да имаме низок минималец или да имаме несистемско зголемување на платите, како што беше ете со пензиите?, Благоја Ралповски од Конфедерација на слободни синдикати КСС рече дека несистемското зголемување или целосното непочитување на законот за минималната плата е многу опасно затоа што доаѓа до збивање на платите и настанува таа урамниловка која ја имавме пред 3-4 години, што страшно ги демотивира и вработените, како во приватниот, така и во јавниот сектор.

  • Дали треба да се покачи минималната плата? – Да. Еве зошто да биде 500 евра, ние размислуваме за 700 евра минимална плата, во оние сектори каде што има висококвалификувани работници и дејности, па секторски да го решиме тоа. Тука се работодавачите, тука се синдикатите, владата не ни е потребна, рече Ралповски.

На што Ангелов потврди дека Конвенцијата за минимална плата го дозволува тоа.

Ралповски потврди дека КСС веќе дало предлози како да им помогнеме на оние посиромашните работните и истакна дека треба да се разбие тој дипартитен социјален дијалог и да се рзговара со работодавачите.

Ангел Димитров во Топ Тема: Оние сектори кои што имаат помала просечна плата од 30.000 денари, ќе треба сите работници да земаат минимална плата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе