Вести Економија Македонија Топ вести

Ангел Димитров во Топ Тема: Оние сектори кои што имаат помала просечна плата од 30.000 денари, ќе треба сите работници да земаат минимална плата

Има ли придвижување или уште подлабоко разидување околу минималецот, остануваат ли во клинч синдикатите и работодавачите пред состанокот во Влада. Инфлација, поскапување на трошоците за живот…Кои се аргументите на работодавачите – продуктивност и рентабилност? Дали студентите, пензионерите и евентуално мигранти ќе го подобрат или нарушат пазарот на труд во Македонија.

Во Топ Тема дебата со Ангел Димитров – Организација на работодавачи, Благоја Ралповски Конфедерација на слободни синдикати КСС и Слободан Трендафилов Сојуз на Синдикати на Македонија ССМ.

Ако фирмите не можат да дадат 500 евра плата, дали тоа значи дека нивниот бизнис модел е застарен?

На ова прашање Ангел Димитров – Организација на работодавачи, рече дека може и така да се каже но и дека секторите кои не можат да го следат порастот на платата и тоа не само на минималната туку и на просечната плата, тоа значи дека оние сектори кои што имаат помала просечна плата од 30.000 денари, ќе треба сите работници да земаат минимална плата.

  • Токму поради тоа во 2010/11 година кога преговаравме со тогашната влада првпат за донесување на законот за минимална плата која беше 39,4% од просечната за најпогодените сектори имаше време на прилагодување, тоа не е случајно. Бидејќи кога зборуваме за минимална плата треба да зборуваме за најниско платените луѓе, со најниско образование и за секторите кои ќе бидат погодени. Секторите кои имаат минимална плата под просекот би претрпеле големи проблеми, најмногу поради тоа што ако сите работници земаат иста плата, а не можат да ја покачат платата на подобрите работници, ќе дојде до демотивација на добрите работници и пад на продуктивноста. И наместо со порастот да се зголеми продуктивноста во Македонија, ја намалуваме. Евентуално 30.000 денари ако се изземат секторите кои имаат под 30.000 денари или ако државата (како што некои предлагаат) субвенционира дел од придонесите за пораст на платите. Но тоа видовме дека државата се изјасни дека не го прифаќа, истакна Ангел Димитров – Организација на работодавачи.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе