Вести Македонија Најважни

Екс министрите за економија обвинети за трагедијата во Кочани негираат вина

Двајцата поранешни министри за економија Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини обвинети за трагедијата во Кочани, денеска не збореа во судница.

Не дадоа воведни говори, а во нивно име ги бранеа адвокатите. За адвокатот на Бектеши нелогично е поранешниот министер да е обвинет за издавање на лиценца за објект за кој нема надлежност за инспекциски надзор, лиценците биле издадени за простор кој бил изменет по неговото заминување, а министерот ставил само факсимил.

За адвокатот на Сарачини пак, обвинението не е креирано според вистина туку е сторена конструкција.

Свои воведни говори одлучија да дадат обвинетите поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Министерот без ресор во сегашната влада Шабан Салиу е обвинет како поранешен директор на ДЗС и смета дека неговото обвинување има политичка позадина. Во говорот  дека не е точно тоа што како што рече на вчерашната анкетна комисија некој Апасиев и некоја мајка на загинато дете Петрушева го обвиниле дека користи службено возило за да доаѓа на судење.

И поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски смета дека за кусиот период додека бил на оваа функција, не би можел на никаков начин да учествува во дело за кое е обвинет.

Адвокатот службеникот од економија Камбери за кој во обвинението пишува дека земал мито за да се издаде лиценцата за кабарето, негираше вина на неговиот клиент.

Инаку со денешните воведни говори продолжи судењето за пожарот во Кочанската дискотека ПУЛС во кој на 16 март  загинаа 63 луѓе а повеќе од 220 беа повредени. Обвинети се 35 мина и три фирми. Сите негираа вина.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе