Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мигранти во Македонија нема да има

ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во Македонија се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти. Од партијата велат дека опозицијата „секојдневно ја бомбардира јавноста со исти невистини“.

Од владејачката партија реагираат дека СДСМ повторува обвинувања кои веќе биле демантирани од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски.

Во партиското соопштение се нагласува дека ставот на владината коалиција е недвосмислен: „Мигранти во Македонија нема да има.“.

Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека СДСМ свесно шири дезинформации за да добие медиумско внимание пред клучни политички процеси.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе