Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи по денешното отварање на антикорупциската регионална конференција во Скопје на новинарски прашања за лошиот извештај на ЕК за борбата против корупцијата, рече дека корените ги гледа во обвинителството и судството.
Фетаи вели дека една од мерките за подобрување е смена на државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Вицепремиерот на прашањето на Телма за опозициските обвинувања против директорот на СОЗР Ивица Томовски вели дека на Влада не е разговарано за таа тема.
