И за пензиите, судот во Стразбур се има произнесено во повеќе наврати и тој ги третира пензиите исто така како сопственост согласно членот 1, протоколот 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права, вели Кацарска во вечерашната емисија „Директно“ на Телма.
- Би сакала да нагласам дека некој му дава грешни информации на премиерот, намерно или ненамерно не знам, но тој излезе со став јас го имам потпишано конечното решение и дека пензионерите ќе ги враќаат тие 5.000 денари. Премиерот по вокација не е правник и нормално е да не ја знае постапката во судот. Но прашање е кој тоа го мести премиерот со давање на лажни информации. Дали е тоа некој од Уставен суд или некој советник не знам. Јас на тоа не можам да одговорам и самиот премиер треба да се запраша кој тоа му даде таква лажна информација дека конечната одлука е потпишана, истакна Кацарска.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
