Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ побара изземање на Апасиев од водење на комисијата за Пулс поради пристрасност, ги повика родителите на загинатите да ги видат неговите изјави за обвинението за трагедијата- Апасиев го отфрли барањето

/

Македонија

Сподели преку :

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска побара изземање на Димитар Апасиев, претседателот на Собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот односно тој да не ја води седницата за трагедијата во Кочани.

Василевска наведе дека Апасиев е пристрасен бидејќи веќе неколкупати оценувал дека обвинението за трагедијата е лошо и ќе падне. Василевска ги повика родителите (на кои на почетокот им изрази далбоко сочувство и разбирање) да не потпаѓаат под активностите на Апасиев и ги покани да им ги покаже неговите изјави за обвинението.

Апасиев пак во контра реплика порача дека Постојаната анкетна комисија е уставна категорија и дека тој постапува согласно правилата. Го отфрли барањето за изземање, а при давањето пауза на седницата и тој ги покани родителите на загинатите во својата канцеларија, како што направи Ивановска.

Во Собранието почна Постојаната анкетна комисија за трагедијата во кочански Пулс- присутни родителите на загинатите, претседателката, спикерот и премиерот

Во Собранието почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која се разгледува претставка на здружението „16-ти март“ за трагедијата во Пулс во Кочани, во која загинаа 63 луѓе, а над 210 се повредени. На седницата се присутни подносителите на претставката, родителите и блиски на загинатите, а воведното… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2