Вести Економија Топ вести

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и Турција, грчките земјоделци продолжуваат со протестите, планирани се нови затворања на границите во текот на денешниот ден, а во градот Ираклио на грчкиот остров Крит аеродромот беше затворен до рано утрово и беа откажани низа летови.

Како и во изминатите денови, така и денеска, граничниот премин Евзони се очекува да биде неколку часа блокиран напладне, односно од 12 до 16 и попладне од 18 до 22 по локално време, а единствено одлуката нема да важи за грчките камиони што излегуваат до земјата.

Конкретниот блок со паркирани над 300 трактори, беше поставен минатиот понеделник, а земјоделците секојдневно одлучуваат кога ќе го блокираат граничниот премин и колку часа ќе трае.

Трактори се паркирани и на граничниот премин Ники (Меџитлија), а според грчката новинска агенција АНА-МПА закажана е четиричасовна блокада од 10 часот по локално време.

Проблеми има и на граничните премини кон Бугарија и Турција, исто како и во изминатите денови.

На островот Крит, во градот Ираклио откако вчера на патот кон аеродромот, земјоделците се судрија со полицијата, го пробија полицискиот блок, успеаја да стигнат до објектот и упаднаа на пистата, аеродромот беше затворен од доцна синоќа до рано утрово и во прекин беа сите летови.

Инциденти меѓу земјоделците и полицијата вчера имаше и во Ханија, исто така на Крит и исто така во обид насобраните лица да стигнат до аеродромот во конкретниот град.

Тешки судири на Крит меѓу полицијата и земјоделците

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе