Вести Македонија

Судската администрација најави дека денеска ќе прекине со работа

Судската администрација во дел од судовите најави дека денеска ќе прекине со работа. Тие се револтирани од последната одлука – парите од судскиот буџет наместо за додатоци на плати за судската администрација, да се трошат за тужби поднесени од судии.

Претседателот на синдикатот УПОЗ, Трпе Деаноски, вели дека незадоволството на судската администрација е од порано поради платите и исплатата на додатоците по плата, но последната одлука на судскиот совет за одлагање на исплатата на јубилејните награди, ја прели чашата.

Уште во петокот, веднаш по донесување на одлуката, нашите членови се јавија дека се подготвени да прекинат со работа почнувајќи од денеска. Тие сметаат дека е неосновано да се одлеваат средства за исплата на тужби на судии, а истата одлука да не важи за администрацијата. И сега најново, исплата на средства по тужби за спогодби во кои судиите имаат потпишано дека нема да тужат. А најновото е дека во одлуката судскиот буџетски совет за исплата на јубилејни награди на судии, има одлагање на барање од исплата на јубилејни награди за вработените – вели Деаноски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе