Oд 17 часот сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон ГП „Евзони“ повторно е целосно во прекин. Како што информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), причината за новото затворање е продолжување на штрајкот на грчките земјоделци.
Ова е втор прекин во текот на денот, откако претходно сообраќајот беше блокиран од 11 часот, па нормализиран во 15 часот. Поради прекинот се бележат и задржувања на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјата.
Магистралниот пат кон Грција е повторно недостапен за сообраќај, што предизвикува големи проблеми за патниците и транспортерите.
Од Авто-мото сојузот на Македонија советуваат да се избегнува граничниот премин „Богородица“ сѐ додека не биде објавена нова информација за нормализација на состојбата.
Т.Д.
