Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги сменија улогите за мигрантските кампови

Беа потребни 8 години за да се заменат улогите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицијата обвинува дека власта планира отворање мигрантски кампови, власта негира. Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија е последниот настан којшто влева несигурност.

Пред неколку дена британските медиуми објавија дека се преговара нелегалните мигранти и оние кои се одбиени за азил, но не може да се вратат во матичните земји поради безбедност, да им се понуди можност да бараат азил во Македонија, но нема да бидат притворени или да се соочат со ограничувања на движењето, што ќе им овозможи слободно да ја напуштат земјата доколку сакаат.

„Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода. Народот е вознемирен. И со право“, вели Богданка Кузеска од СДСМ.

„Со овој договор за стратешко партнерство предвидени се одредени средства со коишто ќе се гради инфраструктура во Македонија. Ќе се градат железници, автопати, здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но за жал на опозицијата, која се обидува да спинува, нема да се градат било какви бегалски кампови“, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Експертите предупредуваат дека каде што има чад има и оган. Неизвесноста ја зголемуваат и се погласните најави од европските земји дека ќе ја заострат мигрантската политика и оти сакаат да отворат мигрантски центри надвор од границите на ЕУ.

Во летото 2017 годината, непосредно пред локалните избори, тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја отвори темата за мигрантски кампови. Активисти поврзани со партијата почнаа да собираат потписи против изградба на мигрантски кампови, а неколку општини донесоа решенија за спроведување референдуми против кампови на нивна територија. Партијата поднесе интерпелација против министерката Мила Царовска. Инспекторатот за локална самоуправа ги поништи решенијата за референдум, а ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше.

„Граѓаните знаат дека Владата на СДС со акцискиот план за мигранти 2017 – 2027 има намера да ја претвори Република Македонија во огромен мигрантски камп, со што во повеќето општини се планира изградба станови за мигрантите, програма за нивна интеграција во општествтото, образовниот процес и нивен полесен пристап до работни места“, изјави Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ на 6 септември 2017.

Властите и тогаш реагираа дека опозицијата шири страв и паника и оти Македонија е само транзит.

„Нема потреба од никаков страв и не се градат никакви станови, ниту се подготвуваат кампови. Нема воопшто да се градат станови за бегалци. Македонија во моментов нема ни предвидено буџетски средства за градење на објекти каде што ќе се сместуваат бегалци“, изјави тогашната министерка за труд и социјала Мила Царовска на 20 август 2017.

Од друга страна, за време на мигрантската криза во 2016 година, низ Македонија поминаа еден милион мигранти, но никој не остана тука.

Срѓан Стојанчов

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе