Балкан Вести Свет

Tанкер поврзан со руската „флота во сенка“ заглавен на Црното море во Бугарија

Бугарските поморски власти го евакуираа екипажот на танкерот за нафта „Каирос“, кој е заглавен во близина на пристаништето Ахтопол на Црното Море. Се верува дека бродот е дел од руската „флота во сенка“ што ги избегнува санкциите.

Минатата недела, бродот „Каирос“, долг 274 метри, кој пловел под знамето на Гамбија, се запали по наводниот напад на украински поморски беспилотни летала во Црното Море, во близина на турскиот брег. Пловеше празен од Египет кон руското пристаниште Новоросијск.

„Каирос“, порано означен како панамски, грчки и либериски, беше изграден во 2002 година. Беше санкциониран од ЕУ во јули оваа година, по што следуваа санкции и од Велика Британија и Швајцарија.

Бродот од 149.000 тони влезе во територијалните води на Бугарија во петокот влечен од турски брод, но мисијата беше ненадејно прекината, оставајќи го танкерот да плови по морето без струја пред да се насука на помалку од една наутичка милја од брегот.

Во саботата, Румен Николов, кој раководи со спасувачките операции во Поморската агенција, рече дека танкерот е стабилен и покрај лошите временски услови, додавајќи дека нема опасност ниту за екипажот ниту за животната средина. Тој рече дека сите десет членови на екипажот од различни националности се во добра состојба и имаат храна и вода за околу три дена.

Шефот на граничната полиција, Антон Златанов, им изјави на новинарите дека е воспоставена комуникација со екипажот, кој ги исполнил наредбите и спуштил сидро, а бродот моментално е стабилен на позиција кај Ахтопол.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Корупцијата почнала во Агенцијата која требало да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе