На видео од надзорна камера објавено на социјалната мрежа Х се гледа автомобилот што се движел со голема брзина и „прелетува“ преку два автомобила.
Спасувачите извлекле 55-годишен возач од возилото, кој се здобил со полесни повреди.
Сообраќајна несреќа се случила во Романија во која возачот ја изгубил контролата врз автомобилот и буквално „прелетал“ две возила што биле во кружен тек.
Возач речиси ја удрил камерата за надзор.
Видеото јасно покажува дека возачот на „Мерцедесот“ возел со брзина значително поголема од дозволената, практично сечејќи го кружниот тек и издигнувајќи се како авион, над два автомобили што се подготвувале да влезат на раскрсницата како и обично.
После тоа, возилото одеднаш „слетало“, удрило во столб од камера за надзор и застанало на зелената површина на блиската бензинска пумпа.
Според романските медиуми, возачот на автомобило „мерцедес“ е 55-годишен маж кој бил заробен во автомобилот, а од остатоците бил извлечен со помош на спасувачите.
Тој се здобил само со полесни повреди и бил однесен во болница на понатамошен преглед, без да биде задржан на лекување.
Тестовите покажаа дека тој не конзумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата се претпоставува дека е дијабетична криза.
Mercedes flies over 2 cars in Romania, a 55-year-old driver lost control due to a medical problem, but he survived the crash with moderate injuries, and refused hospitalization pic.twitter.com/YoGn1YZuOZ
— Global Eye News🌐 (@globaleeyenews) December 5, 2025
