Горан Агелов Ќосето по цели 8 години минати зад решетки за 27 април, доби слобода. Тој за МКД.мк ја потврди информацијата и вели дека добил условен отпус, откако одлежал две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години.
- Поради низа здравствени проблеми тој неколку пати добиваше прекин на издржување на затворската казна, па повторно беше враќан зад решетки. Тој е првиот што доби условен отпус од оваа постапка за која сите обвинети тврдеа дека е политички монтиран процес, пишува МКД.мк.
Тој на својот Фејсбук профил објави симболично видео на кое се ослободува од лисиците и потоа на левото рамо му слетува бел гулаб. Постот е проследен со бројни споделувања и со коментари со пофалби за убавата вест.
А на Фексбук објава од пред 12 часа на која има фотографија на топломер со покачена темепратура стои напис: Збогум на сите…

Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
