Вести Македонија Најважни

Нови пораки со исти тонови и стара реторика помеѓу Скопје и Софија

Нови пораки со истата содржина од Софија до Скопје. Бугарскиот претседател Радев на вчерашната средба со претставници на бугарските здруженија од земјава, оценил дека внесувањето на Бугарите во Уставот значително ќе го забрза европскиот пат на Македонија, пренесе медиумот БТА.

„Македонија во ЕУ, но со гарантирани права за Бугарите“ вели Радев, додека пак, од македонска страна исто така се бараат гаранции – уверување дека по уставните измени нема да следуваат дополнителни барања.

Соседите зборуваат за истата европска цел, но патот до таму го обликуваат меѓусебните очекувања и недоразбирања.

„Се надевам дека нашиот југозападен сосед тоа ќе го стори што е можно поскоро, за да ја отвори вратата кон преговори за полноправно членство. Сите се надеваме интеграцијата на Република Северна Македонија што е можно поскоро да се случи, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата“, вели Румен Радев, претседател на Бугарија. 

Оваа тема ја начна и премиерот Мицкоски, на вчерашниот брифинг со медиумите. Вели дека секоја отстапка од македонска страна резултира со нов услов и затоа се потребни гаранции од Унијата.

Според Мицкоски, барањата за гаранции од ЕУ се логични и произлегуваат од искуствата од минатото. За Владата е неприфатливо да влезе во процес кој ќе отвори можност за нови условувања.

„И утре да ги внесеме Бугарите во Уставот, прашање е само дали за три, за шест или за девет месеци ќе имаме нов услов. Едно е политика, а друго е национален интерес. Прашањето е дали ќе продолжиме по овој пат да бидеме наивни дека ако правиме отстапки, тоа е начинот. Јас не мислам дека тој пат е добар. Овој пат по кој оди оваа Влада е тежок, но не е срамен“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија. 

Неизвесно е дали ќе се реализира иницијативата од Брисел и од земји од ЕУ, за состаноци и разговори за недоразбирањата, на кои ќе се изнесат аргументите.

Според премиерот Мицкоски, ниту иницијаторите, ниту пак македонската страна има информации – дали бугарската страна сака да разговара.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе