Се прераспределува и дотрошува, тоа што останало за 2025-та. Кочоска тврди буџетот е солиден, пренамената се редовна пракса, опозицијата ја критикува дека спасува дупка во буџетот од без малку една милијарда.
Од министерства и капитални неизвршени инвестиции се прелеваат пари за Бехтел и Енка, а се што не се реализирало да се намени за пари за пензии, и социјални плаќања. Министерката за финансии Кочоска,побара и доби од собранието пренамена на 200 милиони евра. Одново тврди дека пари во буџетската каса има, а соопшти и вест дека економијата во третиот квартал го завршила со раст од 3,8 отсто, трет највисока во Европа, и прв на Балканот.
Над двесте милиони евра планирани за едно, ќе се трошат за друго, таму каде што е најпотребно, а според Финансии пари им требаат за пензии и породилно отсуство и за социјалните надоместоци. Mилиони евра и за Бехтел и Енка до крајот на годината. Министерката одново тврди пари во државната каса има, ова е редовна пракса на крајот од годината.
Пратениците од опозицијата контра Кочоска. Одлучувајќи по предлогот за прераспределбата прашуваат како одеднаш снема пари за најранливите категории, додека пак слабата реализација на капиталните инвестиции се поткрева со овие прераспределби.
Но, ова е барањето, а денешната вест од Кочоска е дека македонската економија во третиот квартал бележи 3,8 отсто повисок раст. Повеќе се вложило, и градело. Па, така земјата со економската активност се впишала на третото место зад Ирска и Данска.
Пратениците од опозицијата и реагираа на министерката наместо да се дообјасни пред пратениците во собранието, со фалби на прес-конференција за раст на економијата. Загрижени се дека оваа влада ќе ја врши годината на најниска реализација на капиталните инвестиции, едвај над 50 отсто.
Павле Беловски
Дигитална обработка: T.Д.
