Почна, но по дваесетина минути и се одложи судењето против познатиот поранешен штипски угостител, кој се товари за убиство на неговата 84 годишна мајка.
Педест и четири годишниот Стојанче Зарков е обвинет за фемицид, а на денешното судско рочиште тој побара да се одложи расправата, бидејќи обвинителството го достави вештачењето од ножот, со кој е убиена 84 годишната Марија.
Иако судот овозможи 15 минути да ги видат анализите, сепак од страна на бранителот и обвинетиот беше побарано да се одложи за неколку денови.
Обвинителката, Тања Кацарова посочи дека одложувањето во рок од пет дена се премногу, бидејќи во извештајот вештото лице го има сублимирано, она што што претходно го навел како наод.
Според вештачењето на ножот најдени се траги на крв од убиената и ДНК профил, кој му припаѓа на обвинетиот. Убиството на 84 годишната штипјанка се случи на 8 август во раните утрински часови во семејната куќа, а според анализите обвинетиот бил во состојба на тешко пијанство. Судечкиот судија Сашко Георгиев судењето го закажа на 11 декември.
Викторија Димитрова Јованова
Дигитална обработка: T.Д.
