Вести Македонија

Повторно затворен граничниот премин „Евзони“ – блокадата се очекува да трае до 22 часот

Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин „Евзони“ за влез и излез од Грција кон нашата земја, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, блокадата се очекува да трае до 22 часот.

На грчката страна од границата паркирани се над 300 трактори, а блокада имаше и во текот на вчерашниот ден во претпладневните часови, како и од 18 до 22:30 часот, по што сообраќајот се нормализираше и сè до 14 часот се одвиваше непречено.

Низ цела Грција, земјоделците имаат поставено вкупно 14 блока со над 6.000 трактори, од кои два се на граничните премини „Евзони“ („Богородица“) и „Ники“ („Меџитлија“).

На „Ники“, блокадата денеска траела кусо, исто како и вчера и се однесувала само на товарни возила, а не и на автомобили.

Пракса на земјоделците, како и во изминатите години за време на нивните протести, е да не ги најавуваат блокадите, со оглед на тоа што тракторите и земјоделските возила се паркирани на преминот и остануваат таму, а на секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и на колку време ќе блокираат.

Граничниот премин „Дојран“ засега останува единствениот на кој нема блокади и сообраќајот за влез и излез од Грција се одвива непречено.

Земјоделците од Солун денеска се обидоа со тракторите да стигнат до солунскиот аеродром и таму да постават нов блок, меѓутоа беа спречени од полицијата, по што се случија и инциденти со употреба на солзавец.

Во внатрешноста на Грција, кај месноста Никеа во близина на Лариса има околу 1.800 трактори и затворен автопатот Солун-Атина, кај градот Кардица во блокот учествуваат над 2.000 трактори, а блокада има и на излез од Солун во правец кон Атина.

На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.

Грчките земјоделци, протестите ги започнаа во неделата, најавија постепено интензивирање до 5 декември, а засега нема информации до кога ќе траат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе