Вести Економија

На пленарна седница, Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите

На 74. пленарна седница во Собранието на дневен ред  е Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, во второ читање.

Како што се наведува во Предлог одлуката објавена на веб страната на Собранието, целта на предложената Одлука е соодветна реалокација на средствата помеѓу буџетските корисници со цел финансирање на приоритетните потреби на буџетските корисници во функција на подобрена реализација на Буџетот за 2025 година.

– Се врши прераспределба на средства во рамки на одобрениот буџет на Министерство за одбрана. Притоа се обезбедуваат дополнителни средства за трансфери кон ПИОМ по основ на транзициски трошоци поврзани со законски обврски поврзани со исплатата на пензиите, за трансфери кон ФЗОМ по основ на обврски за придонеси за задолжително здравствено осигурување на лица кои немаат по ниту еден основ здравствено осигурување и за исплата на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, за поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во заштитните друштва, за исплата на социјални надоместоци, навремено извршување на трансфер на средства кон Јавното претпријатие за државни патишта за исплата на времена ситуација согласно склучен договор и Закон за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10д (Делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија (Сл. Весник на РСМ 163/2021, 111/2023 и 255/2024), за целосна исплата по склучен договор за изработка на подготвителна техничка документација за Проектот за изградба на брза железница долг Коридор 10, за нормално функционирање на целокупниот железнички систем во државата, за изработка на урбанистички планови, за контрибуција кон Меѓународната поморска организација (IMO), се наведува во текстот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе